ВИКЕНД ХОРОСКОП: Внимавајте на ова!!!

ВИКЕНД ХОРОСКОП: Внимавајте на ова!!!

Објавена во: Живот // Живот

Овен 

На полето на образованието не сте решиле се, но може да очекувате поволни вести во врска со нешто од порано. Малку се смиривте и сега можете на правилен начин да ги разгледате сите можности. Иако сте незадоволни од многу нешта, не брзајте. Ќе ве израдува повикот на некоја поранешна симпатија. Во овој период ќе имате недостаток на пари и тоа ќе го зголемува вашето незадоволство.

Бик 

Напорен ден со многу активности. Ќе бидете принудени да правите и по неколку работи истовремено, само за да ја зголемете својата продуктивност и ефективност. Но, за вас поимот мултитаскинг не е нов, па притисокот на роковите нема да ве скрши и ќе успеете да направите се што ќе наумите. Резултатите ќе бидат очигледни.

Близнаци 

Ќе бидете опкружени со луѓето кои ги сакате, а дружењето ви носи голема радост. Овој ден внесува многу светло во вашиот живот. Уживајте во убавите моменти. Во љубовта ќе бидете задоволни, а ќе имате и решение за некои проблеми. Кога се во прашање парите не сте склони кон компромиси.

Рак 

Поволен период во кој на проблемите ќе им пристапувате на нов начин. Благодарение на енергијата, тргнувате во нови походи. Тие се однесуваат на љубовта и уметноста. Заљубени сте и тоа ви носи добро расположение.

Лав 

Верувате во она што го слушате бидејќи во моментов тоа најмногу ви одговара. Мора да бидете малку построги и мора да воспоставите ред во својот живот бидејќи единствено така ќе ги исполните сите работи кои сте ги замислиле. Верувате дека еден Рак е добронамерен кон вас дури и кога не се однесува така. Можна е понуда за некоја интересена авантура.

Девица 

Ќе посакувате спокојство и мир. Воопшто нема да чувствувате еуфорија и ќе претпочитате да ја поминете вечерта во домашна атмосфера. Доколку не сте во врска поканете неколку најблиски пријатели и направете си приватна забава, без многу бучава и многу луѓе.

Вага 

Вашето тело повеќе не може да го издржи напорот. Веројатно вашата работохоличност ќе се одрази на вашата состојба. Поради прекувременото работење и учење, ќе бидете премногу истоштени, а тоа ќе го забележат сите околу вас. Ќе бидете критикувани за постапките.

Шкорпија 

Се се случува ненадејно, непланирано. Познанствата, сојузите, размените на искуствата. Уште кога би можеле да не се нервирате. Тензијата станува составен дел од комуникацијата со околината. Затоа се можни препреки придружни со расправии. Пожелно е да се контролирате. Вашата комуникација со околината е важна.

Стрелец 

Потребен ви е одмор. Препуштете им на вашите пријатели да ги извршуваат комплицираните работи кога станува збор за совети кои бараат многу напор. Некоја личност ви буди емотивно интересирање и добро расположние. Настаните кои ви претстојат ќе ви донесат среќа.

Јарец 

Можни се емотивни проблеми. Личноста која ја сакате е збунета во врска со некои ваши постапки. Разјаснете ги работите на време.Важно е да да ја одржувате вашата репутација и добрите односи со пријателите. Можно е да ви се случи недоразбирање, но извлечете поука од сето тоа.

Водолија 

Надевајте се на големи промени кои со себе носат сериозни одговорности. Конечно можете да земете здив, бидејќи многу работи се разрешија. Доколку сте паметни, ќе успеете да го извлечете максимумот од ситуацијата. Тоа особено се однесува на личноста во која сте вљубени.

Риби 

Неповолен викенд, обидете да се да останете смирени. Нема да бидете многу сигурни во вашата финансиска ситуација, и тоа може прилично да ве вознемири. Некои информации кои ќе ги добиете, исто така може да ве вознемират. Не се повлекувајте, искажете го вашето незадоволство.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: