Викенд намалување во Fashion Group: Најубавите есенски парчиња сега по одлични цени!

Викенд намалување во Fashion Group: Најубавите есенски парчиња сега по одлични цени!

Објавена во: После „Школо“ // PR

Крајот на есента и почетокот на зимата речиси секогаш значат реорганизирање на плакарот и инвестирање во нови парчиња со кои ќе ги одбележите стилските денови пред вас.

Само овој викенд, селектирани парчиња од новите колекции на брендовите на Fashion Group ќе имаат сосема нови и неодоливи цени, па така, доколку купите еден производ ќе добиете намалување од 10%, додека за два купени производи, добивате намалување од -15%.


Ова е совршен момент во вашиот плакар да ги сместите сите оние парчиња во кои се вљубивте сезонава, па сега не мора да одберете дали ќе си го набавите само едното, туку ќе уживате и ќе заштедите купувајќи ги двете или повеќе.


Почнувајќи од елеганцијата на модерните класици, па сè до тренди парчиња актуелни за сезонава, во викенд понудата на брендовите ќе ги пронајдете сите производи за топла и стилска зима.


Изминатава година донесе бројни предизвици, а се чини и празниците ќе ги дочекаме сосема поинаку од она на што сме навикнати, па тоа значи избор на најудобните и лежерни парчиња во кои ќе уживате во вашиот дом.

Зимските колекции на нашите брендови го слават постоењето токму на овие ултимативни парчиња кои со години се дел од понудата, но никој ги нема уживано како оваа сезона.


Секако, за романтичните дами кои секогаш бираат впечатливи парчиња без разлика на моментот, тука се суптилно свечените фустани за кои повеќе не ни треба повод, туку едноставно желба!


Кога сме кај предлозите што сè може да си набавите овој викенд, не смееме да ја заборавиме ниту фантастичната понуда на плетени парчиња, оваа сезона, дополнително украсена со светкави детали, шик принт и модели како никогаш досега.


Нема ништо подобро од шопинг за викенд, а овој ќе биде совршено сончев за посета на некоја од нашите продавници или нарачка онлајн https://bit.ly/3nJvwBs .

*Промоцијата не се однесува на производи што се веќе на намалување


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: