Викенд во знакот на младите македонци: Целиот Балкан зборува за Антониа, Мартинијан и Огнен!
Овој викенд измина во знакот на младите македонци кои се натпреваруваат во српските музички шоуа. Антониа Гиговска, Мартинијан Кириловски и Огнен Здравковски се главна тема во медиумите ширум Балканот.
Антониа прва започна со извонредниот настап на музичкото натпреварување „Пинкове ѕвездице“. Ниту незгодата која и се случи за време на настапот не успеа да влијае на нејзинито претставување и да ги остави сите без зборови.
Следни беа кумановецот Мартинијан и скопјанецот Огнен, кои со своите беспрекорни настапи си обезбедија пласман во полуфиналето на музичкото натпреварување „Ѕвезде гранда“.
За овие тројца млади надежи зборуваат сите, а тие уште еднаш покажаа и докажаа дека најдобрите таленти се од Македонија. Им посакуваме многу среќа во понатамошното претставување, бидејќи тие не само што се претставуваат себе си, туку ја претставуваат и државата од која што доаѓаат.