Виновни се таблетите кои ми ги дадоа докторите: Младата ќерка на Шварценегер со години била зависна од туѓа грешка
Поради терапијата што ја пиелa поради нарушувањето на вниманието, таа развила уште еден проблем, а сето тоа го опишува во документарецот на Нетфликс...
Познатиот „Терминатор“, Арнолд Шварценегер беше и остана една од најомилените холивудски ѕвезди на сите времиња.
Актерот има пет деца, а неговата помлада ќерка, Кристина исто така се појавува во светот на глумата, но како режисерка.
Во своето првенче, документарниот филм „Take you pills“ отворено зборуваше за својот проблем со пореметувањето со кое се борела уште како дете.
Имено, кога на Кристина во раното детство ѝ била поставена дијагнозата, добила терапија со која немала проблеми сè додека не заминала на факултет. Во прашање е озлогласениот лек „Adderall“, кој сè почесто се споменува во јавноста поради своите нуспојави.
Токму поради него и младата режисерка имала сериозни проблеми. Имено, кога тргнала на факултет, завршила под влијание од аопчиња, како резултат на стрес, затоа што сакала да биде успешна како нејзината мајка Марија Шривер, која некогаш студирала на истиот факултет.
Кристина тврди дека повеќе ги нема тие проблеми, но сака да ја подигне свеста за фактот дека лековите кои ги добивала за еден проблем, предизвикале други, многу поголеми и посериозни проблеми.
Шансите за тоа ѝ ги овозможи Нетфликс, за кој во 2018 година заедно со мајка ѝ Марија го продуцирала документарецот за потенцијалните опасности од „Adderalla“, кој докторите во Америка, изгледа, скоро секојдневно го препишуваат на децата на кои им е дијагностицирано пореметување на хиперактивноста и дефицит на внимание.
Кристина направила пауза од неколку месеци по престанувањето на козумирањето на лекот за да го опорави организмот, но и работела на своето ментално здравје, а денес е посветена активистка на полето со ментални пореметувања и ја гради својата кариера како продуцент и режисер. Од друга страна, својата приватност ја чува од очите на медумите, а неодамна ги избрша и сите свои фотографии од социјалните мрежи и за нејзиниот живот не може да се дознае многу.
ANDR / BACKGRID / BACKGRID USA / PROFIMEDIA