Вип ден: Уникатни маски на децата на водителката Живкица за училишната манифестација (ФОТО)
Познатата водителка Живкица Каленикова (Ѓурчиновска) е едно од најпознатите ТВ лица во нашата држава. По емисијата „Тунел“ , таа повторно се врати пред малите екрани, во новото „Жилет“ шоу.
Успешните ТВ проекти кои ги води се доказ дека на професионален план е посветена на работата, додека пак семејството е доказ дека подеднакво добро го менаџира и приватниот живот. Таа е сопруга и мајка на три деца - Даријан, Марко и Ана, а неодамна за Женски магазин откри како изгледа еден обичен ден со нив.
„Децата како и сите деца се динамични, весели, многу искрени души кои како растат так стануваат - вистински другар и друштво, мотивација за живот. Денот е динамичен, училиште тренинзи, но и време за нас. Тројцата се различни карактери но сакаат да спортуваат. Среќна сум затоа што тоа ги учи на одговорност, дисциплина, работа, фокус, работи кои ќе им значат во животот.“
Дека секојдневието во семејството на водителката е исполнето, говори и последната фотографија која ја објави на својот Инстаграм профил. Имено, покажа како ќерката и едниот од синовите се маскирале за манифестацијата „VIP day“, која ја организира училиштето во кое се ученици.
„Ви ги претставувам Клеопатра и Никола Тесла“ - напиша Живкица покрај фотографиите од нејзините деца.
фото: Принтскрин / Инстаграм