Вирален дом: ТикТокерите се опседнати со „слабата“ куќа

Вирален дом: ТикТокерите се опседнати со „слабата“ куќа

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Ваква куќа сигурно уште немате видено! Иако има две спални соби, три бањи и сите простории кои се неопходни за живот, оваа куќа е потесна од повеќете на кои сме навикнати и ни звучи малку лудо што сите тие простории воопшто ги има внатре.

Од видеата за реновирање до видеа од обиколка на убави куќи, ТикТок стана платформа на која често гледаме во домовите на другите луѓе.

Па така, еден ТикТокер неодамна објави видео од куќата која за кратко стана хит. Се прашувате зошто? Затоа што е толку тесна што луѓето се прашуваат како некој може да престојува во неа, пишува Cosmopolitan.


Видеото има многу коментари, како што се: „Тоа не е куќа, тоа е ходник!“, „Доколку дувне посилен ветар, готова е!“, „Во неа се спие стоејќи?“


Оваа куќа неодамна се продала 260.000 долари, а има две спални соби, три бањи, како и кујна, дневна соба и се што е потребно за нормален живот. Но, дали вие би можеле да живеете во неа?


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: