Вирусологот Нада Куљиќ Капулица со короната се сретнала пред 40 години: Повторно е изненадена

Вирусологот Нада Куљиќ Капулица со короната се сретнала пред 40 години: Повторно е изненадена

Објавена во: Живот // Живот

Вирусолот Нада Куљиќ Капулица со коронавирусот првпат се сретнала пред 40 години, но овој новиот САРС-КОВ-2 многу ја изненадил.

„Мислев дека знам многу за коронавирусите додека работев, сега се случуваат работи кои не можам да ги замислам. Воопшто појавата на пандемијата, тоа никогаш не мислев дека ќе се случи од коронавирус, ниту од светот, кога претходно се зборуваше дека ќе дојде до пандемија“ - кажа таа за РТС.

Короната, како што вели, се појави како феникс, „како споредба група вируси“.

Смета дека раните најави за можна светска пандемија, предизвикана од вирус, не се размислуваше дека тоа може да биде коронавирусот. А една од можните теории зошто дојде до пандемија, како што вели е тоа што доаѓа до промени во познатите вируси.

Нада Куљиќ Капулица смета дека вирусот не мутирал и додека дека кај РНК вирусите, каков што е короната, ретко доаѓа до големи мутации.

Сепак, промени имало, но не значајкни, укажува вирусологот.

Наведува дека, кога ќе се зарази, доаѓа до размножување на вирусот во организмот.

„Секој тест, па и ПСР, има свој лимит, практично скала до која може да мери. Доколку човекот е болен, расте концентрацијата на вирусот до врвот на линијата. Кога ќе оздрави, добиваме дека е негативен, но тоа не значи дека во потполност се ослободил од концентрацијата на вирусот“ - укажува Куљиќ.

Според нејзините зборови, човекот може да биде заразен и кога е негативен, но тоа се мали концентрации на вирус.

Додава дека постојат многу непознати факти, пред се кои се факторите поради кои доаѓа до заболување.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: