Вистина или мит: Дали листата со луѓе кои го имаат погледнато твоето Инста стори октирива кој најмногу ти го „манијачи“ профилот?
Со други зборови, може ли листата со луѓе кои го погледнале твоето стори да открие дали симпатијата те „манијачи“?
Постојат различни теории зошто луѓето што ги видиле вашата сториња на Инстаграм се наведени по одреден редослед. Како што може да се види, тие не се подредени според гледањето на истото, но распоредот изгледа сосема случаен, но не е. Постои причина зошто истите овие луѓе се секогаш на врвот, а другите на дното.
Би било логично луѓето што ги гледаат вашата сториња да бидат наредени на начин што горе се оние кои ги видиле први, а подоцна одат и оние кои ги виделе подоцна, но тоа не е случај на Инстаграм. Листата на оние кои го погледнале вашето стори можеби ви изгледа хаотично и како да е сложена без никакво значење, но таа всушност има смисла и има причина зошто некој е секогаш на врвот, а некој секогаш на самиот крај. Постојат гласини дека распоредот на луѓето има врска со тоа колку често некој го гледа на вашиот профил и колку ги гледаат вашите приказни одново и одново, и затоа оние луѓе што поминуваат најмногу време на вашиот профил и на вашите сториња би биле на врвот, но за жал, тоа не е вистина. Инстаграм во никој случај не открива колку некој го посетува вашиот профил и колку те „манијачи“, затоа што тоа би претставувало кршење на нивната политика за приватност.
Инстаграм всушност на врвот на листата ги става луѓето со кои имате најмногу интеракција, односно оние со кои се допишувате, чии објави ги „лајкувате“ и коментирате и слично. Ги става на врвот затоа што претпоставува дека тоа се луѓето за кои најмногу се грижите и кои се важни за вас. Меѓутоа, ако започнете да проверувате повеќе пати кој ја видел вашата приказна, тогаш тој систем паѓа во вода и Инстаграм почнува да става нови луѓе, за да можете и нив да ги забележите.