Вистината за снаата на Бекамови: Сите тајна за империјата и нејзиниот татко милијардер, кој беше вмешан во скандал со педофилија
Никола Пелц, која неодамна стапи во брак со Бруклин Бекам е ќерка на милијардерот Нелсон Пелц...
Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин Бекам (23) се ожени со актерката Никола Пелц, а раскошната свадбена церемонија се одржа во луксузната вила на имотот на таткото на невестата во Палм Бич на Флорида.
Кум на младоженецот требаше да биде музичарот Елтон Џон, но наводно поради својата турнеја не можеше да присуствува на настанот. Сепак, тука беше примерот на Бруклин - Гордон Ремзи, сите членови на поранешната група „Спајс Грлс“, актерката Ева Лонгорија, Роко Ричи, синот на Мадона и многу други.
Двојката наводно потпишала предбрачен договор со цел да се заштити богатството на Викторија и Дејвид Бекам, кое е проценето на 380 милиони фунти, како и богатството на таткото на Никола Пелц, бизнисменот Нелсон, кое се проценува на 1,3 милијарди фунти.
Кој е Нелсон Пелц?
Нелсон (79) е основач на инвестиционата фирма „Trian Fund Menagement“, со текот на годините изгради деловна империја вредна милијарди, пишува „ok.co.uk3. Почнал да се занимава со семејниот бизнис „Pelc&Sons“ - трговија на големо со храна, основана од неговиот дедо во 1896 година.
Нелсон почнал да управува со компанијата и продолжил да ја шири и истовремено вложувал во неколку различни бизниси и недвижнини. Сега се верува дека е еден од најбогатите менаџери хеџ фондовите во Америка, а во октомври 2021 година, неговото нето богатство било проценето на 1,7 милијарди долари.
Почнал да работи како возач на камион во компанијата која ја имал неговиот дедо Абдулах, за нешто подоцна со својот роден брат да ја преземе компанијата за производство на смрзната храна и да го развие бизнисот ширум Америка. Еднаш успеал и да банкротира, но банкротот не траел долго, пронашол инвеститори, се вратил на стазата за успех и до небо го развил бизнисот.
За него велат дкеа е „човек од улица и добро знае што масата сака“. А, како што обично се случува, за него се поврзани и скандали, а најлошиот е оној кога наводно неговиот број на телефон е најден помеѓу илјадниците останати кои се наоѓале во црната книга на педофилот Џефри Епстин, а се зборува и дека бил еден од можните инвеститори кои сакале од него да го купат „New York Magazine“.
Оженет е со поранешната манекенка Клаудија Хефнер Пелц. Порано бил во брак со Синтија Пелц со која има две деца.
Со сегашната сопруга Каудија се оженил во 1985 година, а добиле осум деца - Метју, Вила, Бред, Британи, Дизел, Зак, Грег и Никола.
Калудија живее надвор од светлата на рефлекторите откако го напушти модниот свет и основа семејство со Нелсон во 1986 година. Најстариот син Метју исто така ги избегнува камерите. За разлика од своите браќа и сестри, 30-годишната Британи е дизајнерка за ентериер. Во брак е со бизнисменот Франко Бурстед и го очекуваат четвртото дете.
Никола и Британи имаат шест браќа, а помеѓу нив е и актерот Вил Пелц и професионалниот хокеј играч Бред Пелц.
Никола е многу поврзана за своите браќа, посебно за Бред.
За потсетување, Бруклин Бекам и Никола почнаа да се забавуваат во 2019 година, а само една година подоцна, во јули 2020 година објавија дека се верени и од тогаш не престанува интересот на јавноста на нив двајца.
фото: Принтскрин / Инстаграм