Вистината за ТикТок: Зошто Доналд Трамп сака да ја забрани најпопуларната апликација!?
Се започна во САД, каде претседателoт Доналд Трамп и порано најавуваше дека оваа апликација треба да биде забранета, а сега тој отиде чекор подалеку и најави забрана за употреба на ТикТок.
Имено Трамп ја обвинува Кина дека шпионира и собира податоци за корисниците преку оваа апликација.
„Ќе ја забраниме апликацијата во Соединетите држави“, изјави Трамп за новинарите, најавувајќи дека тој веќе ќе ги преземе првите чекори во таа насока.
Ако апликацијата TikTok навистина се забрани, повеќе од 50 милиони корисници во САД ќе останат без пристап до нивните кориснички профили, што би можело да предизвика револт кај помладата популација, која најмногу ја користи популарната апликација.
Засега не се споменува забрани за други делови во светот, но честопати разни забрани од САД брзо се прелеваат во Европа и другите земји во светот.
Социјалната мрежа брои околу 800 милиони корисници, што ја прави седма најпопуларна социјална мрежа во светот, веднаш после Инстаграм.
Прашање за вас: Треба ли TikTok да биде забранет и дали се плашите дека сопствениците на апликации ги преземаат и користат вашите приватни податоци без овластување?
извор: teen385.com