Вистинска „cat lady“: Тејлор Свифт ги покажа сите мачки и ги разнежни обожавателите

Вистинска „cat lady“: Тејлор Свифт ги покажа сите мачки и ги разнежни обожавателите

Објавена во: Stars // Музика

Со колку мачки можеш да станеш „cat lady“? Тејлор е сигурна дека ги има доволно за да може така да се нарече.

Тејлор Свифт се приклучи на ТикТок и секако дека има одлични видеа. И каков би бил профилот на Тејлор, ако на него не ги објавува своите мачки? Сите ги воодушеви со последната објава во која ги покажа сите. Сподели видео од интервју од 2014 година, каде зборува за тоа колку мачки се премногу мачки и во кој момент станува „луда cat lady“.

@taylorswift

*little did she know* #swifttok #catsoftiktok #meow

original sound - Taylor Swift

Засега има три мачки и како што заклучи и самата, со таа бројка без проблем може да се нарече „cat lady“. Пред камерата најпрво се прошета со мачката Меридит, а потоа се врати со другите две, Бењамин и Оливиа.

Не знам која е послатка, а некако ни изгледа дека Тејлор нема да застане тука и дека сигурно во нејзиниот живот во некој момент ќе се појави барем уште една мачка. Сите се воодушевени од нејзините домашни миленици, а она што е најдобро од сè е дека Тејлор ги спасила и вдомила. Едната требало да биде само во нејзин спот, но кога слушнала дека бара дом, повеќе не сакала да му ја даде на никој и ја однела дома со себе. Типична „cat lady“.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: