Вистинска сензација: Сергеј Пајиќ и Уки се најуспешната ТикТок двојка во регионот

Вистинска сензација: Сергеј Пајиќ и Уки се најуспешната ТикТок двојка во регионот

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Сергеј Пајиќ, момчето кое победи во музичкото натпреварување „Ѕвездичките на Пинк“ е вистинска сензација на ТикТок...

Популарниот регионален музичар Вук Моб е првиот во регионот кој се сети да сними песна за ТикТок, а неговиот хит „ТикТок Инстаграм“ досега има повеќе од 16 милиони прегледи на Јутјуб. Овој хит можеби и немаше да биде толку популарен доколку видеото не ги вклучеше и едни од најуспешните регионални ТикТокери и дефинитивно најпопуларната двојка на ТикТок, Уки Кју и Сергеј Пајиќ. Тие двајца во видеото се шлапкаат во базенот, „пукаат“ со пиштоли на вода и танцуваат на заразниот ритам на хитот на Вук. Подоцна, тие снимија неколку ТикТок видеа со песната, па сето ова набрзо „експлодираше“. Двајцата во моментов ги следат повеќе од 2 милиони луѓе на оваа социјална мрежа, а следбениците најмногу сакаат да ги гледаат кога снимаат заедно.


„Ние сме некако поинакви на сцената и сметаме дека публиката тоа најмногу го цени. Сите други се некако розови, „Hello Kitty“, и одеднаш се појавивме ние кои, како што некои сакаат да не опишуваат, малку мрачни. И тоа им се допадна на луѓето.“ - објаснија Уки и Сергеј во интервју за ТВ Империја. Така милионите обожаватели ја препознаа нивната спонтаност и уникатност. На овој начин, секое нивно видео собира повеќе од половина милион прегледи и илјадници лајкови и позитивни коментари. „Тие ја имаат таа посебна енергија заедно“ - се колнат нивните обожаватели.

@sergejpajicc

BRAVOOO LJUBAVI jedan od retkih real MILIONA kod nas! @ukiqukiq

original sound - Sergej Pajic

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: