Вистински есенси и зимски бои: 5 нијанси на кармини за усни кои моментално се голем хит
Доколку не знаеш која боја на кармин да ја ставиш, одбери ги овие нијанси...
Трендовите постојано се менуваат и секогаш се носи нешто ново. Некој ќе ги следи, друг воопшто не се грижи за нив. Во деновите кога не знаеш што да облечеш, каква фризура да направиш или како да се нашминкаш, трендовите може да ти дада некоја кул идеја, која потоа ќе можеш да си ја прилагодиш на својот стил.
Кога сме кај шминкањето и одбирањето на боја на кармин за усни, можеш да се водиш со трендовите кои се тука оваа сезона, бидејќи се апсолутно во есенски стил и ќе создадат магија на целиот изглед. Ова се 5 бои на кармини кои моментално се најголем хит:
# Портокалова „nude“ нијанса
# Црвено - кафени нијанси
# Црвена
# Виолетова
# Чоколадна боја