Витаминка започна со извоз во Јапонија

Витаминка започна со извоз во Јапонија

Објавена во: После „Школо“ // PR

Витаминка го реализира првиот директен извоз во Јапонија. Пласманот на производите на Витаминка на јапонскиот пазар следи по детално направено истражување на локалните пазарни специфики, присутната конкуренцијата и прехранбените навики и многубројните остварени средби со партнери од Јапонија ширум саемите во светот, реализирани пред корона кризата.

Моментално Витаминка има континуиран извоз во повеќе од 30 земји, а со вклучување на  јапонски пазар, кој е исклучително софистициран и пребирлив, реализацијата на странските пазари го продолжува трендот на зголемување и кон најдалечните дестинации.

„Извезуваме во многу земји, со различни културни и прехранбени навики и различна структура на малопродажната индустрија од аспект на концентрација и формати, но извозот во Јапонија е посебно значаен затоа што овој пазар се издвојува со својот обем, високите квалитативни стандарди и многу различни и специфични нутритивни навики до кои успеавме да ги доближиме нашите производи. Се разбира, продорот што го направивме е резултат, пред се на квалитетот на нашите производи, како и извозната стратегија што ја развиваме континуирано и што дава позитивни резултати. Го испорачавме првиот контејнер на Карамел бисквит, со наш оригинален бренд, но со адаптации на јапонските стандарди. Во фаза сме на подготовка и на нови артикли за тој пазар. Задоволството од довербата што ни ја даваат партнерите од таква далечна дестинација во вакви кризни времиња е непроценлива сатисфакција за Витаминка”, вели Љупчо Велески, директор на Сектор извоз во Витаминка.

Извозот на Витаминка во Јапонија е поздравен и од Амбасадата на Јапонија во Македонија, со желби за долгорочна соработка и наклонетост на тамошните потрошувачи.


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: