Витаминот Д нема да нè спаси само од корона: Тој влијае и на друга болест што тивко демнее

Витаминот Д нема да нè спаси само од корона: Тој влијае и на друга болест што тивко демнее

Објавена во: Живот // Живот

Витаминот Д е потребен за коските, забите и мускулите да бидат здрави, а новото истражување сугерира дека витаминот Д исто така игра улога во регулација на расположението.

Витаминот Д, кој главно се добива со директно изложување на сончева светлина е неопходен за регулација на количината калциум и фосфат во телото. Меѓутоа, тој прави многу повеќе од тоа.

Новото истражува откри дека витаминот Д може да ве расположи, да го регулира имуниот систем и да го подобри менталното здравје.

Меѓутоа, NHS советува дека треба да конзумираме додатоци на витаминот Д, бидејќи оваа година повеќе бевме во затворен простор отколку вообичаено и сето тоа поради пандемијата.

Треба да земете 10 микрограми (400 IU) витамин Д на дневно ниво, помеѓу октомври и почетокот на март за да го одржите здравјето на коските и мускулите, пренесува британскиот Експрес.

Најмалку едно од пет лица обично има недостаток на витамин Д, па дури и поголема е веројатноста да има дефицит на овој витамин за време на пандемија на коронавирус.

Иако симптомите на недостаток на витамин Д можат да бидат многу суптилни, следново може да покаже дека е потребна медицинска помош:

# замор;

# болки во коските;

# слабост во мускулите, грчеви или благи болки;

# промена во расположението, како депресија.

Недостаток на витамин Д е поврзан со разни болести од срцеви заболувања до зголемување на телесната тежина, па дури и депресија.

Портпарол на „Supplement Place“ рече:

„Витаминот Д како целина не помага само во градењето на цврсти коски, што е вообичаена заблуда. Помага и во регулирање на имунолошкиот систем и невромускулниот систем, играјќи голема улога во животниот циклус на човечките клетки.“

Човечкото тело може да произведе витамин Д, но само откако ќе ја изложи кожата на сончева светлина (УВБ зраци).

Според неодамнешните студии, витаминот Д може да биде и клучот во борбата против депресијата.

Студиите покажаа силна врска помеѓу витаминот Д и расположението.

„Процентот на возрасни кои имаат некаква форма на депресија е скоро двојно зголемен од март“ - велат студиите.

Извор: телеграф.рс

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: