Носењето маски во училиште нема да е задолжително: Владата во Словенија одлучи
Владата на Словенија синоќа донесе неколку нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, вклучително и задолжителна дезинфекција на рацете и во згради, додека носењето маски за деца во градинките и училиштата веќе нема да е потребно што важи за студентите, наставници на ученици до трето одделение и воспитувачите во градинките.
Маските нема да бидат задолжителни ниту за наставниците во високите училишта и факултетите ако предаваат зад заштитна бариера, како и за луѓето кои изведуваат организирани спортски тренинзи.
Владата на Словенија одлучи наставниците од четврто одделение во основно училиште и за постари возрасни групи, како и наставници во средни училишта, да користат маска во случаи кога не е можно да се обезбедат најмалку два метра оддалеченост во воспитно-образовните активности.
изовр: lat.rtrs.rs