Влогерка од Грузија е копија на Кендал Џенер: Може ли да погодите која е вистинската?

Влогерка од Грузија е копија на Кендал Џенер: Може ли да погодите која е вистинската?

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Често се слушале дека некаде на светот имаме свој двојник и дека има луѓе кои личат на нас - познатите личности исто така се одличен пример за тоа, бидејќи тие, за разлика од нас, ја имаат таа привилегија да слушнат за луѓето кои имаат лице како нивното. Досега пишувавме за двојниците на многу познати личности, иако сличноста понекогаш и не е толку забележлива, но во случајот со двојничката на Кендал Џенер навистина е тешко да се одреди која е вистинската Кендал.

Имено, девојката која е прогласена за најслична двојничка на супермоделот Кендал Џенер се вика Теона Чачуа, живее во Грузија и се занимава со влогови во врска со негата на кожата и шминкањето. Со оглед на тоа дека на Инстаграм има скоро 100 илјади следбеници, многу луѓе ја сакаат нејзината работа, а многу од нив пишуваат дека ја мешаат со Кендал.


„Веднаш не ја сфатив нашата сличност, но луѓето со коментарите започнаа да ми го кажуваат тоа, уште првиот ден кога започнав да снимам влогови. Чувството е убаво, навистина, колку толку луѓе ќе те споредат со некој што е толку убав“ - смета 29 - годишната Теона. „Понекогаш ме загледуваат на улица и ќе ми изјават 'Боже, па ти си иста како Кендал Џенер', но јас сум изненадена кога ќе помешаат на улица, бидејќи јас сум многу пониска. И мене ми е чудно, бидејќи на крајот на краиштата јас сум обична девојка, навистина“ - сподели Теона за порталот DailyMail.

Може да ве интересира:

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: