Вложи 200.000 евра во новиот бизнис, но сѐ пропадна: Бака Прасе планираше да се занимава со ова, но поради скандалот остана без ништо

Вложи 200.000 евра во новиот бизнис, но сѐ пропадна: Бака Прасе планираше да се занимава со ова, но поради скандалот остана без ништо

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Бака Прасе планираше кон крајот на годината да започне нов бизнис во Белград, но како што стојат работите, од тоа нема ништо...

Јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, наводно изгубил повеќе од 200.000 евра кои ги вложил во започнување на приватен бизнис, но поради случувањата во изминатиот период, плановите му пропаднале.

Во прашање е бизнис со отварање на ресторан за брза храна, кој би требало да биде распространет на дури 5 локации во Белград, под назив „Бака“, а најскапиот локал за кој Бака Прасе издвоил дури 70.000 евра се наоѓа во Нов Белград, што и самиот порано откри во едно од своите видеа. Отварањето го планираше кон крајот на година, но поради бројните скандали, јутјуберот остана без средства за започнува на бизнисот.

„Поради сѐ што се случи во изминатиот период, Бака е во незавидна финансиска ситуација. Тој вложи повеќе од 200.000 евра во започнување на бизнис со брза храна. Најде локали, меѓу кои најголем беше оној во Нов Белград. Даде пари за нивно реновирање, а сега остана без ништо. Сето тоа застана на половина. Го напуштија бројни спонзори. Освен тоа, ја изгуби и монетизацијата од Јутјуб, што значи дека не заработуваше од прегледите кои ги имаше во голем број. Изгасен му е и каналот на оваа мрежа со повеќе од два милиони претплатници, а потоа и профилот на Инстаграм. Сето ова доведе до тоа да се најде во незавидна материјална ситуација, поради што е очаен и моментално не знае што да направи по тоа прашање“ - тврди добро информираниот извор за „Курир“.

За отварањето на локалите за брза храна, Богдан зборуваше ова лето во едно од своите видеа, кога кажа дека целта му е секој да дојде да јаде во „луксуз“ за малку пари. Во тоа видео заедно со пријателите пробуваше храна, а потоа им го покажа локалот за „прослави, свадби и погреби“.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: