Внимателно со предизвиците: Тинејџер изгуби дел од телото, сѐ заради еден луд предизвик
На сите им станало јасно дека нешто не е во ред кога почнал да крвари...
Еден тинејџер (15) од Ливерпул засекогаш остана без брадавица откако го прифатил лудиот предизвик кој му го дале неговите пријатели, пренесува „Mirror“.
Ученик, чиј идентитет не е откриен, се пресоблекувал по часот по физичко, кога му пришол еден другар и го предизвикал да испразни два дезодоранси на своите брадавици. Не е познато од каде ја добил таа идеја, ниту е јасно зошто овој 15-годишник се согласил на оваа луда идеја.
„Ми го приближи дезодорансот на брадавицата и не беше ништо страшно. Прво ме печеше, па почувствува студ, а потоа и послаба болка. Кога се испразнија дезодорансите, полека се обидов да ги мрднам брадавиците, но ми паднаа“ - раскажало момчето кое после сето тоа заминало на следниот час, како ништо да не се случило.
Меѓутоа, на сите им стана јасно дека нешто не е во ред кога започнал да крвари.
„Седев на часот по германски јазик, додека сите останати гледаа во мене. „Имаш крв на кошулата“, ми викна некој од нив и тогаш забележив дека крварам од местото каде што претходно ми беа брадавиците. Професорот сакаше да ме испрати кај нашата медицинска сестра, но му кажав дека сум одбро“ - зборуваше непромислениот тинејџер.
За крај на сите им порача да не се обидуваат да го копираат.
„Тоа беше глупаво од моја страна. Го прифатив предизвикот и сега немам брадавици. Дури и мојата девојка ми се смее“.
фото: Profimedia