ВНИМАВАЈТЕ: Серијата Squid Game стана мамка за ширење на вирус, не кликајте на се што го носи тоа име
Од септември до октомври оваа година, на интернет беа
откриени неколку десетици различни малициозни датотеки, чии имиња го
споменуваат Squid Game ...
Еден месец по премиерата, јужнокорејската ТВ серија за опстанок - Squid Game, за кратко време стана најгледана на платформата Нетфликс, со повеќе од 111 милиони гледачи.
Огромниот интерес и нетрпеливоста на публиката да ја гледа серијата, сајбер криминалците ја злоупотребуваат за познати измамнички интернет шеми. Така, од септември до октомври оваа година, експертите на Kaspersky открија неколку десетици различни малициозни датотеки на веб, во чии имиња се споменува Squid Game.
Во повеќето анализирани случаи откриени се „симнувачи на тројанци“ кои можеа да инсталираат други малициозни програми, но имаше и други тројанци и адвери.
Една од шемите на сајбер-криминалците функционирала на следниов начин: на жртвата наводно и била прикажана анимирана верзија на првата игра од серијата, а во исто време беспрекорно бил лансиран тројанец кој можел да украде податоци од различни кориснички прелистувачи и да ги испрати назад до серверот на напаѓачот. Исто така, постои кратенка во една од папките, која може да се користи за да се покрене тројанецот секогаш кога ќе се стартува системот.
Откриен е и малициозен софтвер за мобилни уреди кој ја експлоатира Squid Game, па корисниците, надевајќи се дека ќе преземат епизода од серијата Squid Game, го преземале тројанецот.
Друг начин на кој сајбер-криминалците ги напаѓаат интернет корисниците се однесува на онлајн продавниците кои продаваат костими за Ноќта на вештерките. Неодамна се појавија голем број лажни продавници кои се претставуваат како официјални и кои наводно продаваат костими од серијата.
Меѓутоа, кога купуваат на такви сајтови, корисниците ризикуваат да не ја добијат стоката и да ги загубат своите пари. Згора на тоа, целите на крајот ги споделуваат своите банкарски и лични информации со сајбер-криминалците, вклучувајќи адреса на е-пошта, адреса на живеење и полно име.
Покрај „класичните“ страници за фишинг кои нудат стриминг на серијата Squid Game, истражувачите на Kaspersky пронајдоа и неколку страници кои нудат конкуренција во онлајн верзијата на играта и награди во криптовалути. Во овие ситуации, играчот никогаш не ја добива ветената награда, туку наместо тоа им ги дава на криминалците нивните податоци или го презема малициозниот софтвер на нивниот уред.
Фото: Netflix/IMDB