Внуката на Цеца се расплакала на прославата на полнолетството: Испливаа непознати детали од гала прославата (ВИДЕО)

Внуката на Цеца се расплакала на прославата на полнолетството: Испливаа непознати детали од гала прославата (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Семејство

Хелена Оцокољиќ неодамна наполни 18 години, а по тој повод, мајка ѝ заедно со познатата тетка ѝ приреди гала прослава...

Хелена Оцокољиќ, ќерката на Лидија и Предраг Оцокољиќ, неодамна го прослави полнолетството опкружена со најмилите во еден ресторан во српската престолнина. Мајка ѝ со познатата тетка, пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, ѝ приредија вечер за паметење - многу убави изненадувања, добра храна, пијалок и музика.

Камерите на „Цеца шоу“ ги придружуваа членовите на семејствата Оцокољиќ и Ражнатовиќ во одредени подготовки за оваа вечер, а тие беа дел и од лудата забава, па на обожавателите им ги пренесоа најнезаборавните моменти.

Специјалните гости од светот на музиката - Михајло Веруовиќ Војаж и Игор Паниќ Нучи секако ја доведоа атмосферата до лудило, а славеничката од среќа и возбуда дури заплака додека ја слушаше својата постара братучетка, Анастасија Ражнатовиќ, која ѝ се обрати преку видео директно од Шпанија.

Инаку, Анастасија таму престојува кај своето момче, фудбалерот Немања Гудељ.

Тортата на четири ката украсена со ружи, трубачи, огномет... Нема што немало за Хелена, поради што таа оваа прослава сигурно засекогаш ќе ја има во најубавите сеќавања.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: