Во 2004 ја запознавме на „Супер ѕвезда“, а денес е вистинска заводничка: Ања Ветерова во никогаш попровокативно издание

Во 2004 ја запознавме на „Супер ѕвезда“, а денес е вистинска заводничка: Ања Ветерова во никогаш попровокативно издание

Објавена во: Stars // Музика

Младата пејачка Ања Ветерова буквално израсна на сцена. Својот прв настап го имаше на детскиот фестивал „Супер ѕвезда“, каде ја отпеја песничката „Штрк“ и ѝ се претстави на најмладата публика. Од тогаш секоја година беше дел од овој фестивал и публиката имаше можност да го следи нејзиниот музички напредок.


Во 2010 година, Ања ја претставуваше нашата држава и на Јуниорската евровизија со нејзината магична песна „Еооо, Еооо“, каде ѝ покажа на Европа колку талентирани деца има нашата држава.


Потоа, следоа неколку синглови, учество на Скопскиот фестивал во 2015, песна за српскиот пазар, но и заминување од семејното гнездо. 


Имено, Ања замина во Соединетите Американски Држави за да го продолжи своето музичко образование. Се запиша на реномираниот универзитетот „Беркли“, од каде постојано ги известува своите следбеници за постигнатите успеси.

Но, мора да признаеме дека малото и срамежливо девојче кое за првпат се појави на сцената во 2004 година, денес е вистинска заводничка. Ова го потврдуваат и нејзините најнови фотографии - попровокативно издание од ова, дефинитивно не може да се најде на нејзиниот профил.

Дали овие фотки се најава за нешто големо што допрва ќе следува, не знаеме, но сигурно е дека Ања подготвува нешто, бидејќи не залудно има хаштаг наскоро.


фото: Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: