Во 2010 година тинејџерките лудуваа по Кико од Македонски Идол: Еве како изгледа денес (ФОТО)
Пред 10 години, поточно во 2010/2011 година, во продукција на А1 телевизија, на Македонија и се случи реалното шоу „Македонски идол“. Во жири беа Игор Џамбазов, Калиопи и Тони Михајловски и сите тројца, освен да жирираат се трудеа и да им помогнат на кандидатите.
Тогаш секој тинејџер имаше своја симпатија, односно свој омилен идол по кој трчаше пред и по сите настапи. Сигурно се сеќавате на Виктор Апостоловски, Билјана Ѓошева, Христијан Тодороски, Лаура Крлиу, Јана Бурческа, Иван Раденов, Наталија Данаилова и многу други.
Но, денес ќе се задржиме на Христијан. Тој навистина во тоа време ги скрши срцата на многу тинејџерки, што поради својот глас, тоа и поради својот изглед. Тогаш и самиот тој беше тинејџер, имаше само 18 години.
По завршувањето на музичкито натпреварување, потпиша договор со продукциската куќа „Mak Music“ на Јован Јованов и Кристијан Стефановски. Објави и неколку песни, а како да се откажа од музиката и се повлече од јавноста.
Денес Христијан има 30 години, а од неговите социјални мрежи може да заклучиме дека сѐ уште се занимава со музика. Во текот на годините тој го промени својот имиџ, па сега изгледа малку поинаку.
Во продолжение погледнете неколку фотографии и видеа од неговиот Инстаграм профил:
фото: Принтскрин / Јутјуб