Во 2010 се прогласени за најубави близначки во светот: Како изгледаат денес?
Тие и денес се толку убави што сигурно немаат конкуренција...
Џеки и Кевин Клементс во 2010 година ги добија близначките Ава Мари и Леа Роуз, а раѓањето на овие девојчиња драстично им го промени животот...
Девојчињата биле неверојатно убави, а благодарение на тоа од најрано детство впловиле во водите на моделингот. Така што практично не ни проодиле, а веќе биле прогласени за „најубавите близначки на светот“. Медиумите пишувале за тоа дека нивните симетрични лица изгледале како од најглуморозниот магазин, дека косата им е неверојатно руса и свиленкаста, кожата мазна, а природната убавина неопислива.
Инаку девојчињата се родиле еден месец порано, но нивната мајка тврди дека тоа морало да биде така.
„На свет дојдоа четири и пол недели порано, но сега кога ги знам нивните личности јасно ми е зошто тоа е така - тие се подготвени во секој момент да преземат било што, многу се позрели од своите врсници“ - кажа нивната мајка Џеки во едно интервју.
Џеки откри и дека од самото раѓање на близначките постојано се среќавала со истите коментари на луѓето со кои се среќавала: „Луѓето постојано ми велеа: Толку се убави, навистина би требало да размислите за тоа да ги вклучите во моделинг.“
Таа го правила тоа кога девојчињата имале само шест месеци, меѓутоа бидејќи имала и постар син, ѝ било претешко да жонглира помеѓу мајчинството и ангажманите на своите близначки.
Денес, на социјалната мрежа Инстаграм имаат повеќе од 1.8 милиони следбеници, а како изгледаат погледнете во продолжение: