Во 2022 година нема да има популарни фармерки: Зендаја покажа уште еден начин на носење на омилениот модел на сите дами

Во 2022 година нема да има популарни фармерки: Зендаја покажа уште еден начин на носење на омилениот модел на сите дами

Објавена во: Мода // Moj стил

Најмладата позната личност која е прогласена за модна икона од страна на Советот на модни дизајнери во Америка е воодушевена од моделот кој само што се симна од пистите, а во нареднот период ќе го гледаме на секој чекор.

Американската актерка Зендаја Колман (25), со голема помош на својот стилист Ло Роуч, изминатите години не може да погреши кога е модата во прашање, а освен што на црвените килими секогаш покажува нешто несекојдневно, ново, необично и што би можела само таа да го износи, таа се истакнува и во секојдневниот стил.

Ѕвездата на серијата „Еуфорија“ од ден во ден сѐ повеќе го оправдува статусот модна икона, а еден од новите пример е моделот на фармерки кој го носеше неодамна. Имено, Роуч на Инстаграм покажа интересно видео на кое убавата актерка ги покажува своите фармерки и истакнува дека е во прашање парче од модната куќа „Валентино“. Зендаја, уште од 2020 година соработува со овој бренд и учествува во неговите рекламни кампањи, а очигледно е дека е во прашање само деловен договор, туку и дека таа навистина ужива и приватно во носењето на облеката.

Па така, сега покажа многу ефективен широк модел на фармерки, кои најчесто ги гледаме во строго спортски комбинации, а Зендаја реши да го носи како дел од елегантна варијанта на облека.

Фармерките ги искомбинира со бела кошула, која красат цветови и со отворени папучи, а целата комбинација ја заокружи со ефективен накит.

Оваа комбинација имавме можност да ја видиме во рамките на претставувањето на колекцијата на познатата модна куќа за пролет/лето 2022, а се проценува дека широките фармерки следната година ќе доминираат.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: