Во 2024 година, светот нека ви светка

Во 2024 година, светот нека ви светка

Објавена во: После „Школо“ // PR

Откако веќе зачекоривме во Новата година, многумина од нас се навраќаат на минатите настани, но размислуваат и за идните можности кои не очекуваат. Една вообичаена тема која често се појавува во овој период е стремежот за нови искуства и личен раст, а има ли подобар начин да ги исполниме овие желби од оној преку возбудливо искуство со патување и запознавање со нови атрактивни дестинации?Без оглед дали се работи за зимување, летување или за краток викенд во некоја странска земја, патувањето повеќекратно ќе делува на нашето тело и ум.

Во духот на желбите за патување и стекнувањето нови искуства и спомени, Халкбанк АД Скопје започна наградна игра „СВЕТОТ ТИ СВЕТКА!“ во периодот од 25.12.2023 и истата ќе трае до 25.02.2024 година. Во нааградната игра право на учество имаат сите полнолетни физички лица кои се клиенти на Халкбанк АД Скопје и се корисници на Mastercard дебитни и/или кредитни платежни картички (Mastercard Debit Contactless; Mastercard Standard, Mastercard Credit Contactless; Mastercard World Contactless ), и кои имаат  направена валидна трансакција користејќи ги картичките на мрежата на ПОС и/или виртуелни ПОС терминали, трансакции со мобилната апликација и трансакции направени со Garmin Pay достапен за Garmin часовник.

За учество во наградната играважат следните услови: една шанса за учество добиваат клиентите кои што направиле 10 валидни трансакции со Mastercard дебитна картичка издаденa од Халкбанк АД Скопје на мрежата на ПОС и/или виртуелни ПОС терминали. Двојна шанса за учество добиваат клиентите кои што направиле 10 валидни трансакции со Mastercard кредитна картичка издаденa од Халкбанк на мрежата на ПОС и/или виртуелни ПОС терминал, додека Tројна шанса за учество добиваат клиентите кои што направиле 10 валидни трансакции преку HalkPay мобилната апликација и GarminPay опцијата за бесконтактно плаќање со дигитализирана Mastercard кредитна или дебитна картичка.

Со исполнување на условите учесниците добиваат шанса за добивка на ваучер за патување во износ од 1000 евра.

Правилата за наградната игра може да ги погледнете на следниот ЛИНК, додека за учество на наградната игра потребно е да се пријавите на следниот ЛИНК.

ПР објава


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: