Во 90-тите ја красеше амбалажата на „Киндер“ чоколадите: Кој е Србинот што игра во новиот филм со Лејди Гага?
Филмот „House of Gucci“, инспириран од шокантната вистинита приказна за убиството на Маурицио Гучи, сопственикот на модната империја Гучи, во кој главните улоги ги играат Лејди Гага и Адам Драјвер, пристигна во кината, а во него една од улогите ја игра и Александар Егер, кој е роден во Белград и израснат на Баново брдо.
Неговото лице го знаеја сите деца во текот на 90-тите години, бидејќи ја красеше кутијата на „Киндер“ чоколадите. Татко му е Италијанец, мајка му Србинка, а пред неколку години со семејството замина во Италија, каде изгради успешна кариера како модел.
„Уште од шест-седум години се заинтересирав за уметноста, па со другарите снимав кратки филмови и видеа. Отсекогаш ме интересираше камерата, но кога заминав во Комо, каде живеев до 17-тата година, почнав да глумам. Имав 13 години кога се појавив во роеклама која ми ја донесе улогата во серијата „The Band“, која беше популарна во Италија. Родителите никогаш не ја сфаќаа сериозно мојата намера да се занимавам со глума, па дури ни тогаш кога папараците ни стоеја пред куќата. Затоа решив да се отселам од нив и да продолжам да се занимавам со она што ме привлекува“ - кажа тој своевремено за „Курир“.
Тој имал можност да го запознае Барак Обама и да се дружи со Мадона и Никол Кидман, а неодамна му се исполни и желбата да биде на насловната страница на спрското издание на „Mens Health“.
Италијанските медиуми своевремено го нарекоа омилен модел на Донатела Версаче.