Во Англија заминав да најдам луѓе: Интервју со инди – поп артистот Nickarth
Музичките таленти не се само од комерцијалните жанрови, тие може да се најдат и во остатите. Музичкиот правец инди - поп, слободно можеме да кажеме дека крие одличен талент и во територијата на нашата држава. Тоа е артистот Nickarth, кој дефинитивно раскажува навистина интересна приказна. Доколку сте гледале Јуниорска евровизија сигурно ќе се сетите на него, бидејќи тој беше дел од ова музичко случување во 2011 година.
# Кој се крие под псевдонимот Nickarth?
Здраво hashtag. Најпрвин би сакал да се заблагодарам на поканата да бидам дел од вашата рубрика. Честа е моја.
Би почнал од име и презиме – Никола Илиев, 22 години, уште студент на ФМУ Скопје и БИММ Brighton, аудио продуцент, артист, визионер. Уфф, имам настапувано на доста фестивали од кои најзначајни би биле Јуниорска Евровизија 2011, Brighton Fringe Festival, Brighton Sundance, London Battersea Fest и др.
Како инди – поп артист веќе имам издадено еден албум кој брои вкупно 7 песни на кои работев сам и со други продуценти. Во моментов работам на нов албум за кој воедно решив да спремам и eдинечни видео записи.
# Како дојде до идејата за овој псевдоним?
Nickarth настана сосема случајно. Додека се шетав низ Brighton UK, размислував за авторско име кое би било уникатно и воедно целовкупно би ме опишувало. Затоа решив да го задржам моето име и да додадам дел од збор кој би ме отсликал како персона. Arth – беше вистинскиот дел од зборот earth со единствена причина дека самиот себеси се гледам само како жител на земјата. Ништо повеќе, ниту помалку. Размислував за различни варијанти, но многуте од нив веќе постоеја на социјалните мрежи, за среќа Nickarth е единственото име кое беше непостоечко дотогаш. Ова си го зедов за знак од универзумот и одлучив дека тоа е вистинското име за мене.
# Активен си на социјалните мрежи и имаш релативно голем број следбеници. Што сакаш да и пренесеш на масата преку своите објави и секако дали тоа ти успева?
Па воглавно немам многу постови, но тие што ги имам се добро одбрани. Обично се трудам да шернам добро парче музика, без разлика дали е моја или на друг артист. Благодарение на сите платформи денес, мислам дека ми успева заклучно со бројките на кликови на самиот стреам линк или видео.
# Колку еден млад артист може да влијае на масата луѓе?
Уметноста е двигател на едно општество. Така да секој артист на некој начин влијае на луѓето околу себе. Јас лично верувам дека тежината и vibe-от зависат од личните искуства и самиот пат што гo има поминато самиот артист. Така да, да се биде артист е убавина, но и предизвик. Self-doubt I Overconfidence влегуваат неартикулирано, а се секојдневие за сите артисти и вршат притисок на самиот процес. Мислата ме наведе до заклучок дека да се биде свој е да се има и план. Планот е главната алка со која создаваш производ кој пристига до масата луѓе.
# Кој беше твојот пример, односно поттик да се определиш за одреден музички правец?
Искрено доста време талкав и уште талкам низ различни правци. Моментот кога заминав во Англија научив доста за различни стилови и почнав да творам на тлото од Neo Soul, потоа Dance/Electronic, и завршив на Indie Pop Alternative. Веќе година дека како работам и се занимавам само со овој (Indie Pop Alternative) правец. Се чувствувам супер кога продуцирам во овој стил и мислам дека тоа ми беше и крајната цел.
# Малку да се задржиме на твојата работа. Правиш музика за други, но активно снимаш и правиш сопствени песни. Како успеваш се, од каде мотивацијата ?
Да, работам и за други со цел да научам повеќе. Моментално сум при крај со проектите за други артисти, но веќе сум цврсто решен да се посветам само на себе. Мотивација гледам во се. Често шетам и излегувам, не сум рамнодушен на многу работи што се случуваат и гледам да ги запишам на хартија. Воглавно се трудам да останам реален и вистинит со себе. Pure emotion е нештото кон кое стремам.
# Имаш живеено во Англија, но се врати повторно во Македонија. Која беше причината на оваа драстична промена?
Англија беше една од подобрите одлуки во мојот живот. Заминав со цел да најдам луѓе кои би ми помогнале во целиот кариера процес, се вратив бидејќи сфатив дека тие луѓе сум јас. Верувам дека драстични промени не постојат, се до моментот кога почнуваме да ги воочуваме. Се е навика и не мислам дека враќањето дома е грешка. Работам во студио и компонирам своја музика. Верувам само во long-term процес.
# Може ли да се успее во Англија или патот до врвот таму е потежок?
Не верувам дека е тежок, но е различен и многу посигурен од било кој друг. Англија е земја на можностите. Повеќето луѓе од моето друштво во Brighton веќе имаат изградено доста добри кариери, соработувајќи со големи продукциски куќи за кои јас само мечтаев. Сега сме на иста маса, гледам само успех.
# Со кој од домашната, а со кој од светската сцена би сакал да соработуваш?
Искрено се уште не сум размислувал, гледам што е можно повеќе сам да си ги завршувам работите, но доколку морам да бирам, би бирал вака:
Mакедонска: Iwayo, Matej Foltz, Avensis.
Странска: Dennis Lloyd, Two Feet, Tom Misch. Ren Gee, ECK, FKJ, Chet Faker.
# Каде се гледаш за 10 години?
Визуализирам кариера. Барем четири албуми во компакт со видео записи. Би сакал да создадам контакти со многу артисти, продуценти и луѓе од музичкиот бизнис. Годинава би сакал да ги достигнам првите 100 000 прегледи на Spotify или iTunes. И секако да останам свој и true to myself.
# Кој хаштаг го користиш најчесто?
Хахаха, искрено ова го користам најмногу :
#thankyou #muchappreciated #tateciblazhetokomsijatadojdi
Ивана Мисајловска