Во целото тоа лудило и бунило мислеше на мене: Победникот на „Ѕвездите на Гранд“ допре и до најтврдите срца

Во целото тоа лудило и бунило мислеше на мене: Победникот на „Ѕвездите на Гранд“ допре и до најтврдите срца

Објавена во: Stars // Музика

Махир Мулалиќ е победникот на натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“, а ова талентирано момче по овој повод гостуваше во утринската емисија на телевизија „Прва“. Махир кажа дека победата ја прославиле „во организација“ на неговата менторка, пејачката Марија Шерифовиќ. Меѓутоа, тој прв ја напуштил забавата.

„Јас сум голем расипувач на забави, прв си заминав од прославата. Морав прв да си одам, бидејќи имав закажано кај вас во емисија“ - се пошегува Махир.


Впечатоците спласнале, но тој сè уште нема потполно „сфатено“ дека е победник.

„Мислам дека, тоа и на Марија ѝ го кажав, две секунди пред прогласувањето, пред Саша да го каже бројот 13, ми надојде некое убаво чувство, помина низ мене и се случи што се случи. Посакав да, но не очекував, конкуренцијата беше голема“ - кажа тој.

„Исак Шабановиќ стана ѕвезда и пред крајот на натпреварувањето, така што „Боже, ти благодарам“. И на мојата мајка ѝ благодарам, на неа ѝ е посветена оваа победа, за жал, таа повеќе не е со нас... Би сакал да беше тука за заедно да се веселиме, но таква е судбината“ - посочи победникот.

„Ми испрати порака кога сакав да се откажам од сево ова - „Само напред, дали ѝ ги испраќаш снимките на Марија, дали зема костим за следниот настап?“. Цело време размислуваше за мене, и во тоа лудило и бунило, никогаш нема да престанам да давам сè од себе за да не ја разочарам“ - се присети Махир.

Како изгледаше прогласувањето на победникот погледнете во продолжение:


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: