Во центарот на уште еден скандал: Јелена Карлеуша ѝ објави војна на Марија Шерифовиќ?

Во центарот на уште еден скандал: Јелена Карлеуша ѝ објави војна на Марија Шерифовиќ?

Објавена во: Живот // Живот

Ситуацијата е напната...

Пред неколку дена започна вистински скандал во соседна Србија, чии главни актери се Јелена Карлеуша и Вања Кнежевиќ, 18 - годишна натпреварувачка во шоуто „Ѕвездите на Гранда“. Вистинската драма почна откако Вања испеа две песни кои Јелена, како член на жирито, ги искоментира, на свој посебен начин. Пред неколку недела, по неколкудневно молчење, проговори и менторката на Вања, Марија Шерифовиќ, која е во шок поради се што се случува. Сепак, нејзините зборови воопшто не и се допаднаа на Јелена, која се огласи на социјалните мрежи и испрати - остра порака.

„Во врска со изјавите на Марија Шерифовиќ: Ако некој повикаше да ѝ ја отсечат главата, а нејзиното семејство го линчуваа, јас ќе бев првата што ќе реагираше и ќе ја поддржеше дисквалификацијата на таков натпреварувач. За жал, Марија не го стори тоа и со своите изјави дополнително го оправда хоророт што го чувствуваме јас и моето семејство без никаква причина“ - започна Јелена.

„Ќе додадам, Марија, која употребуваше многу полоши зборови отколку„ облечена си како тетка“ кон кандидатите, не го објасни тоа и не ме заштити како член на жирито. Таа добро знае дека коментирањето за нечие пеење, облекување и сценски перформанси во никој случај не може да биде „психолошка злоупотреба“, туку дел од нашата работа како жири. Секој што има ментални нарушувања и смета дека конструктивната критика е тортура, не треба да се занимава со шоу-бизнис, што и е јасно на Мери. Тажна сум и разочарана што го доживувам ова, но со помош на милионите мои обожаватели, драгите колеги и Гранд продукција, кои јасно ја осудија целата оваа фарса, ќе бидам уште посилна“ - рече пејачката и додаде дека поднела кривична пријава против натпреварувачката која доби дисквалификација.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: