Во друштво на светскиот модел Алесандра Амбросио: Младата прилепчанка сега прави милиони во САД
Беше една од најзгодните пејачки на нашата естрада, а сега прави милиони во САД - Оливера Ѓоргоска ѝ е позната на македонската публика како згодната пејачка со моќен глас од музичкото шоу „Моја ѕвезда“, по неколку свои песни, а и настапи на музички фестивали.
Таа скоро 10 години живее и работи во САД, каде замина за музичко доусовршување, а од почетокот на годинава има и американско државјанство.
На музичко поле сега се пронаоѓа како поп опера пејачка, а нејзините изведби воодушевуваат. Оливера е професорка во Музичката академија во Лас Вегас, а неодамна потпиша соработка со мулти Греми продуцентот „RedOne“.
Сепак Оливера има и една друга преокупација, а тоа е снимањето видеа кои имаат милионски прегледи на социјалните мрежи. Ѓоргоска одлично се снаоѓа во глумата, а за пофалба е и нејзиниот американски говор, по кој ретко би препознал дека станува збор за девојка од Македонија.
Во интервју за „Digital Journal“ изјави дека го нема видено своето семејство во Прилеп цели пет години и дека премногу ѝ недостасуваат и дека тие се нејзината најголема поддршка.
Низ своето успешно остварување на сонот во САД, Оливера има запознаено многу светски ѕвезди меѓу кои и нејзиниот идол Селин Дион, но и диџејот Стив Аоки.
Деновиве на листата на светски ѕвезди со кои таа се запознала се најде и познатиот модел Алесандра Амбросио.