Во емисија се расплака кога зборуваше за драмата со сопругот, а сега се бакнуваат како ништо да не се случило: Ким Кардашијан го прослави 40 - от роденден
Најпознатата ријалити ѕвезда на светот Ким Кардашијан се расплака среде интервју додека зборуваше за кризата во бракот и драмата со сопругот Канје Вест.
По неполн месец, поточно на 21 октомври на прославата на нејзиниот јубилеен 40 - ти роденден, се случи нешто што ги шокираше нејзините следбеници.
Имено, освен забавата на која секој би и подзавидел, таа ги изненади сите со сочниот бакнеж со нејзиниот сопруг.
Дали ова е знак дека нивниот брак е стабилизиран и дека хармоничниот однос завладеал во нивниот дом, не знаеме, но до следната забава или интервју ќе го имаме одговорот на ова прашње.