Во филмовите глуми внимателен татко, а во приватноста одбива да ја запознае ќерка си: Овен Вилсон ги разочара обожавателите
Иронично е тоа што во филмовите секогаш е внимателен татко, а никогаш не ја сретнал сопствената ќерка, заклучи неговата поранешна девојка...
Холивудскиот актер Овен Вилсон важи за еден од најсимпатичните и најзабавните во светот на филмовите, но еден детаљ од неговиот приватен живот, обожавателите не можат да го сфатат и се прашуваат како може да биде толку ладнокрвен.
Имено, 52-годишниот актер одбива да ја запознае својата сопствена ќерка Лајла, која ја добил со поранешната девојка Варуни Вонгсвиратс, а според пишувањата на „Daily Mail“ никогаш со неа оставарил никаков контакт, додека со 10 - годишниот син Роберт и 7 - годишниот Фин кои ги добил од различни жени комуницира сосема нормално и вообичаено.
„За жал, никогаш не ја запозна“ - потврди Варуни за „Daily Mail“.
Варуни овие денови на социјалните мрежи објави фотографии од малата Лајла за нејзиниот трети роденден, а многумина веднаш искоментираа дека недоливо наликува на нејзиниот познат татко.
Таа пред две години во интервју потврди дека го молела Овен да се вклучи во животот на ќерка му, но тој одбивал и никогаш не посакал да ја запознае.
„Помага финансиски, но никогаш не беше толку важно тоа. На Лајла ѝ треба татко. Иронично е тоа што во филмовите глуми улоги на внимателен татко, а никогаш не ја сретнал сопствената ќерка“ - заклучи Варуни.
Еден од последните филмови кои ги сними, а во кој глуми татко е „Wonder“ од 2017 година, а најновиот филм „Marry Me“ го сними со Џенифер Лопез и неговата премиера се очекува во февруари 2022 година.