Во фустанот сошиен уште пред да се роди ги остави сите без зборови: Има 25 години и веќе е најдобро облечена жена

Во фустанот сошиен уште пред да се роди ги остави сите без зборови: Има 25 години и веќе е најдобро облечена жена

Објавена во: Мода // Moj стил

Актерката Зендаја на премиерата на втората сезона од хит серија „Еуфорија“ се појави во ретро фустан на Валентино...

На премиерата на втората сезона од хит серијата „Еуфорија“, главната ѕвезда, младата актерка Зендаја уште една го воодушеви модниот свет кога на црвениот килим се појави во ретро фустан на брендот Валентино.

Инаку, оваа креација е од 1992 година, четири години пред Зендаја да биде родена, а првпат на модната писта ја покажа Линда Еванџелиста, една од најпопуларните манекенки во 90-тите години.

Младата актерка овој фустан кој го красат црно-бели вертикални линии, од старата колекција на Валентино за пролет/лето 1992 година, ја искомбинира со минималистички, луксузни детали - дијамантски обетки и прстен на „Булгари“.

Да потсетиме, Зендаја е прогласена за најдобро облечена жена во 2021 година и тоа на неколку листи, а со оваа креација уште една покажа дека нема комбинација која не може да ја износи. Сите се сложија дека овој фустан ѝ стоеше совршено и дека на нејзината витка фигура додаде малку облини.

Кога станува збор за фризурата, косата ѝ беше стилизирана во ниска пунџа со патец на страна и нежен мејкап со карминот во „nude“ боја и сенка во сребрени тонови.




Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: