Во колку часот сте родени? Точното време кога првпат сте заплакале открива сѐ за вашиот карактер
Дознајте дали сте дива, уметничка душа, авантуристички или семеен тип...
Веќе одамна знаме дека кога го пресметуваме знакот во хороскоп и подзнакот, дека платените имале влијание на формирањето на нашиот карактер, односно секој хороскопски знак има одредени карактеристики кои го следат. Меѓутоа, тоа не е сѐ. Времете во кое сте родени има многу важно влијание на вашиот карактер.
Дали сте семеен тип, авантуристички, добар пријател или нешто четврто, дознајте според тој податок.
# Од полноќ до 02:00 часот
Многу љубопитни личности кои тежнеат кон стабилност и сигурност во животот. Вие сте семеен тип, малку затворени кон околината, но во познати ситуации и опкружување станувате поопуштени.
# Од 02:00 до 04:00 часот
Оние кои се родени во овој период се одлични говорници, писатели и пријатели. Многу се паметни, сакаат патувања и нови авантури.
# Од 04:00 до 06:00 часот
Личностите родени во раните утрински часови се храбри и тврдоглави. Тие се природни лидери на кои ниту една препрека нема да им биде проблем, зошто брзо ја совладуваат. Штедат, романтични се и секогаш се подготвени да им помогнат на другите.
# Од 06:00 до 08:00 часот
Во овие два часа се родени многу креативни луѓе кои тежнеат кон достигнувања, но и кон тоа да бидат забележани и прифатени од околината. Понекогаш тоа им создава проблеми, бидејќи многу се грижат за туѓото мислење и одобрување, но од друга страна се многу снаодливи во животот.
# Од 08:00 до 10:00 часот
Шармантни личности кои сакаат да бидат сами, не се грижат за туѓото мислење и пофалби. Сакаат да медитираат, да го бараат внатрешниот мир, да ѝ помагаат на околината и да шират позитивна енергија.
# Од 10:00 до 12:00 часот
Спротивност на оние кои се родени неколку часа порано, личности кои дошле на светот во овој период имаат многу енергија, амбиции и активни се. Многу се комуникативни и добри тимски играчи, сакаат да имаат луѓе околу себе и точно знаат што сакаат да имаат во животот.
# Од 12:00 до 14:00 часот
Исто така амбициозни, но малку повеќе одговорни. Сакаат внимание и кога околината им се воодушевува. Мечтаат и склони се кон авантури.
# Од 14:00 до 16:00 часот
Храбри и добро се снаоѓаат во тешки ситуации. Не ја сакаат рутината, ниту монотонијата, активни се, сакаат да учат и да истражуваат.
# Од 16:00 до 18:00 часот
Секогаш гледаат само на позитивните страни од некоја ситуации, знаат да го пронајдат најдоброто можно решение, многу се позитивни, полни со енергија. Сепак, тешко се доверуваат на другите, бидејќи верноста и љубовта им се нешто најважно.
# Од 18:00 до 20:00 часот
Оние кои се родени во вечерните часови, помеѓу 18:00 и 20:00 часот се многу емпатични, не сакаат конфликти и се трудат да ги разберат сите луѓе околу себе. Го прифаќаат животот таков каков што е.
# Од 20:00 до 22:00 часот
Не прифаќаат да не се во центарот на вниманието, сакаат другите да им се воодушевуваат и се родени актери. Перфекционисти се, не сакаат да грешат и тежнеат кон совршеност.
# Од 22:00 до полноќ
Личностите родени во овој период се чудни на околината, бидејќи воглавно се повлечени и не зборуваат многу за себе. Тие се уметнички тип, трагаат кон внатрешен мир.
фото: unsplash.com