Во сабота пехарот да се врати дома: Марија Шерифовиќ ѝ посака среќа на Констракта пред полуфиналето
Вечерва, се одржува втората полуфинална вечер од најголемото музичко натпреварување во Европа - Евровизија. Освен, Македонија, на евровизиската сцена за пласман во финалето ќе се бори и Србија, а боите на нејзиното знаме ќе ги брани „здравата уметница“ Ана Ѓуриќ, попозната како Констракта.
Со песната „In Corpore Sano“, Констракта ќе се потруди првенствено да обезбеди пласман во финалето, а дека за тоа има голем повод е тоа што голем дел од српската јавност, но и познати ѕвезди ѝ дадоа поддршка. Една од многубројните поддржувачи на Констракта е и Марија Шерифовиќ, пејачката која пред точно 15 години на овој ден, го донесе во Србија евровизискиот пехар.
Таа по овој повод имаше кратко обраќање на Инстаграм, во кое апелираше до сите кои се во можност да гласаат за што подобар пласман.
„Вечерва, во второто полуфинале, под реден број 3 се натпреварува Србија и вечерва пее Констракта. Ве молам и апелирам да гласете во што поголем број, за вечерва да бидеме подобро пласирани за пехарот во сабота да се врати дома. Ајде Констрааааа“ - посочи евровизиската победничка на стори на Инстаграм.
фото: Принтскрин / Инстаграм