Во спротивно не би знаеле ништо за нив: 9 познати личности кои сите ги знаат поради популарните родители
Веројатно не би ги знаеле, доколку не се од овие семејства...
Да не доаѓаат од познати и успешни семејства, не би биле толку популарни колку што се денес, а некои од нив можеби не би биле воопшто познати. Тоа што се од познати семејства во животот им е навистина отскочна даска.
Овие познати деца денес се дури и попознати од своите родители, но под светлата на рефлекторите стигнале благодарение на семејството. Тоа не значи дека тие не се талентирани, само на светот има многу актери, модели или пејачи како нив, кои се подеднакво талентирани, но не се позанти, бидејќи нема кој да ги турка.
# Кајли Џенер
Ниту една од сестрите Кардашијан - Џенер не би била денес таму каде што е, да немаа познати родители. Особено Кајли која кариерата ја започна како инфлуенсерка.
# Кендал Џенер
Иако Кендал денес е еден од најуспешните модели на светот, би била ли подедкаво успешна доколку родителите и семејството не ѝ беа толку популарни? Некако се сомневаме во ова. На светот постојат многу модели, а стигнувањето до самиот врв не му успева толку лесно на секој.
# Џиџи Хадид
Истата ситуација како со Кендал, но и со нејзината сестра Бела. И тие се успешни во светот на моделингот, а иако се топ модели и одлично ја работат својата работа и се презгодни, не би била иста ситуацијата доколку се од некое друго семејство.
# Мајли Сајрус
Мајли денес е и популарна од својот татко, но сигурно тој и неговата кариера ѝ дале ветар во грбот да успее во музичката индустрија. Мајли е врвна пејачка и никој не може да каже дека не е талентирана, но дека поради семејството стигнала таму каде што е, нема никаков сомнеж.
# Лили Колинс
Знаеш ли дека на актерката која го глуми главниот лик во серијата „Emily in Paris“ е ќерка на легендарниот пејач Фил Колинс? Иако таа информација на многумина не им е позната, играла многу голема улога во нејзината кариера.
# Парис Хилтон
Кралицата на забавите и претприемачка, Парис е жена која е многу успешна во деловниот свет, но и како инфлуенсерка, додека инфлуенсерите не ни постоеја. Меѓутоа, јавноста е заинтересирана за неа само поради тоа што е богата наследничка.
# Каја Гербер
Уште еден модел! Каја е успешен модел, а сигурно во тоа не ѝ одмогнало тоа што е ќерка на најпознатиот модел на светот од 90-тите, Синди Крафорд. Освен што од мајка ѝ ја има наследено убавината, ја има наследено и професијата.
# Џејден Смит
Рапер и актер кој за својата популарност може да му се заблагодари на својот татко, Вил Смит. Ова е еднствена личност за која сме сигурно дека инаку не би била толку популарна доколку не доаѓа од познато семејство.
# Софија Ричи
И за крај Софија, која е од сѐ по малку, од модел преку инфлуенсерка до модна дизајнерка и сето тоа го може затоа што нејзин татко е популарниот музичар Лионел Ричи. Инаку, нема шанси светот да го дознаел нејзиното име.
фото: Принтскрин / Инстаграм / kendalljenner и parishilton