Во врска се две години и уште се немаат бакнато: Сакаат да чекаат додека да стапат во брак (ВИДЕО)

Во врска се две години и уште се немаат бакнато: Сакаат да чекаат додека да стапат во брак (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Луѓето не им веруваат и велат дека лажат...

За поголемиот број луѓе, бакнувањето е голем дел од нивната романтична врска, но тоа не е случај со оваа двојка, која е заедно скоро 2 години. кејтлин О'Нил вели дека таа и нејзиното момче уште не се бакнале ниту еднаш во текот на својата врска, додавајќи дека луѓето често ги осудуваат поради тоа.

Како што пишува „The Sun“, таа објаснила и дека луѓето постојано ја испрашувале за тоа и ѝ велеле дека бакнувањето не е толку голема работа.

Добила и многу коментари дека нејзиното момче е хомосексуалец, или дека тие се всушност само пријатели. Објаснувајќи ја својата одлука, Кејтлин вели дека одлуката за да почека додека да стапи во брак за да се бакне, ја донела една година пред да почне да се забавува со сегашниот партнер. Пред тоа веќе одлучила дека до стапувањето во брак ќе чека за да има сексуални односи, поради верски причини, но не била сигурна во другите аспекти од романтичните врски.

„По долго размислување, сфатив дека не сакам ниту да бакнам никој, бидејќи првиот бакнеж сакам да го сочувам за идниот сопруг. Бакнежите за мене отсекогаш биле многу интимна работа, но лично сметав дека тоа не е нешто што треба да го чуваш за некој, но сепак го сакав тоа на крајот“ - обајсни Кејтлив во видеото кое го објави на ТикТок.

@kaytlin.oneall Don’t forget the, “come on DO IT!!”#boyfriend #bff #foryou #PrimeDayDreamDeals #summer #love #boundaries #realationship #girlfriend original sound - KyleAndJackieo

Пред тие двајца да одлучат да ја започнат својата врска, воделе разговор за сопствените уверувања и уверувањата за романтичните врски, при што и двајцата кажале дека сакаат да чекаат до брак за секс и бакнеж.

„Бевме најдобри пријатели и потоа се заљубивме. Сето ова го правиме за да се заштитиме на некој начин и за повеќе да ѝ се радуваме на иднината“ - кажа нејзиното момче Дру.

@kaytlin.oneall Replying to @mightbeevan Roxanne - Instrumental - Califa Azul

Како одговор на злобните коментари, објасни деак тоа била заедничка одлука и дека никој од нив двајца таа одлука не му ја наметнува на другиот. Кејтлин исто така вели и дека одлучиле да ја споделат својата приказна за да им покажат на другите луѓе дека работите може да се направат поинаку, ако се сакате тоа и дека односот со партнерот не мора да ги следи туѓите стандарди за врска.

фото: Принтскрин / ТикТок


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: