Во знаењето на граѓаните мора континуирано да се инвестира: Арбер Адеми се прости од функцијата министер за образование
Веќе поранешниот министер за образование и наука, Арбер Адеми се прости од фукцијата министер. Тоа го направи преку статус на неговиот Фејсбук профил.
„Образованието не смее да има третман на потрошувач, туку неопходно е да се третира како еден од основните столбови на општествено – економскиот и национален просперитет. Затоа што, едноставно нашата земја нема друг позначаен ресурс за севкупен напредок, од знаењето на граѓаните во кое мора континуирано да се инвестира. На овие мисли беше базиран сиот мој личен ангажман како министер за образование и наука. Тоа е идеологија насочена кон остварување на една и единствена цел – градење на образовен систем во кој ќе бидат интегрирани европските образовни вредности и принципи.“ - со овие зборови го започна своето излагање.
Тој исто така ѝ посака среќа на Мила Царовска, која ќе биде нов наследник на оваа институција. Во продолжение прочитајте го целиот статус на Арбер Адеми.