Водителката од „Пинкови ѕвездички“ блеска во бременоста: Маријана Мишиќ ја сподели првата фотка откако се откри дека е бремена
Без трошка шминка и во природен амбиент, популарната водителка и актерка покажа како ужива со својот партнер.
Водителката и актерка Маријана Мишиќ наводно е во осмиот месец од бременоста, како што објавија српските медиуми пред неколку дена.
Маријана не ги коментира овие тврдења, ниту пак се огласи на социјалните мрежи по тој повод, но сега сподели една фотографија на која позираше со својот вереник Милош и нивните миленици. Двојката позираше во природа со кучиња, а водителката е насмеана и без шминка.
Милош и Маријана се во врска осум години, а медиумите пишуваат дека чекаат девојче и дека наскоро ќе се венчаат.
- Маријана веста за бременоста им ја довери само на своите најблиски пријатели, но таа се уште не е подготвена да ги сподели информациите со јавноста. Бременоста доаѓа во одлично време, бидејќи пред неполни три недели, кога беше направена фотографијата со прстенот, тие прославија осум години врска - изјавил извор близок до Маријана за Стори.
извор:GLOSSY