Војаж и Елена Китиќ имаат нова песна околу која се крена прашина: Ги обвинија дека го ископирале светскиот хит (ВИДЕО)
Обожавателите застанаа во нивна одбрана...
Само што излегоа песната и видеото, а веќе имаат повеќе од милион прегледи. Војаж и Елена Китиќ оваа песна и соработка ја најавија пред некое време, а нивните следбеници едвај чекаа да излезе. „Лондон“ е сега тука, но доби и негативни реакции.
Денес е тешко да се биде во потполност оригинален и често се случува некоја нова песна да потсетува на некоја друга која е објавена неколку години порано. Војаж и Елена Китиќ објавија нова песна, соработка на која многумина се израдуваа. Веќе поминаа неколку денови од објавувањето на „Лондон“, а иако на многумина им се допадна песната, невозможно е да не се слушне дека рефренот е копија на еден голем светски хит. Инспирацијата очигледно им дошла од хитот „Candy Shop“ од 50 Cent. Мелодијата е иста, секој кој ги слушнал двете песни да го препознае ова без проблем.
На некои оваа песна им е топ и тоа не им пречи, на другите им пречи и сметаат дека ова дуо, можело подобро да ја заврши работата. Кога едно момче го даде својот коментар за песната и го кажа она што сите го мислат - дека го ископирале 50 Cent, обожавателите застанаа во одбрана. Многу луѓе се сложија дека е и повеќе од очигледно дека ја земале истата мелодија и на Војаж му дадоа нов прекар - 50 Динара. Обожавателите, сепак не гледаат проблем со тоа и сосема им е океј дека ископирале друга песна, без разлика што е толку очигледно.
@harunhabul Čak je i ovo ”WOAH” uzeo hahaha.#balkanmusic #newsong #information #music #copypaste #50cent #mihajloveruovic #voyage #hipohop #rap #classic #foundout #fyi #comparing #youtube #myopinion #wtf #bosnia #serbia #croatia #fyp #foryoupage London - Voyage & Elena
Какви и да се мислењата, песната за само неколку дена стана една од најслушаните и се искачи на врвот на трендингот на Јутјуб во дури неколку балкански држави.
Некои дури забележаа дека Војаж ги ископирал и движењата на 50 Cent. Иако песната не е автентична, коментарите под неа се позитивни и изгледа дека ќе стане голем есенски хит.
фото: Принтскрин / Инстаграм