Војаж ѝ го фрли своето ланче на девојка од публика: Откри зошто ја избрал неа

Војаж ѝ го фрли своето ланче на девојка од публика: Откри зошто ја избрал неа

Објавена во: Stars // Музика

Пејачот ја сумираше годината која истекува, па заклучи дека бил „екстремно неуспешен“ на љубовно поле...

Младиот рапер Војаж зад себе ја остава годината полна со деловни успеси. Публиката со задоволство доаѓа на неговите настапи и ги слуша неговите песни, поради што Михајло не го крие задоволството. Сепак, она што исто така му ја одбележа 2021 година е секако разделбата со Анџела Игњатовиќ - Бресквица.

„Бев екстремно успешен на едно поле и екстремно неуспешен на друго. Нема врска, од грешките се учи. Мислам дека успехот во работата е добра компензација за количината емотивно растројство кое го чувствував. Толку сум фокусиран на работата, што воопшто не можам да забележам некои работи околу себе, кои се поврзани со емоциите“ - вели Војаж, кој годината што изминува ќе ја памети и по турнејата во Америка. На еден од тамошните настапи раперот толку бил понесен од атмосферата што одлучи да го фрли во публиката ланчето кое го носи на себе.

„Ме понесе атмосферата, го извадив ланчето и кжаав: „Луѓе, која страна е најгласна, таму ќе го фрлам ланчето“. Тие почнаа да викаат и тогаш видов една девојка пред мене, која беше во „хајп“ за време на целиот настап и реков, на неа ќе ѝ го подарам“ - раскажа тој во емисијата „IDJ hot“. 

Бидејќи порано Бресквица му имаше подарено ланче, Војаж откри дали тоа ланче е подарокот од неа, или станува збор за некое друго.

„Не е, не е“ - одговори кратко, а потоа и откри зошто повеќе не го носи подарокот од поранешната девојка: „Сега малку го променив стилот. Според она што го носам го менувам и накитот, така што, ќе видиме“.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: