Војаж ќе снима филм за најболниот период од животот: Никогаш не зборуваше за тоа, а еве дали Бресквица ќе биде дел од него
Кога во детството морал да ја напушти Србија со своето семејство, Михајло Веруовиќ Војаж поминал низ тежок период, за кој ќе сними филм.
Откако се појави на музичката сцена, раперот Војаж доби голема популарност. Освен музиката, тој беше во центарот на вниманието и со врската со Анџела Игњатовиќ, попозната како Бресквица.
По разделбата, секој од нив тргна по својот пат. Додека Бресквица ужива во новата љубов, Војаж не престанува со настапите, снимањата и деловните проекти.
Детството, растењето, товарот на родителите, јавната разделба - сето тоа го има одбележано животот на 20-годишниот музичар, кој низ песните се обидува да го долови барем дел од она со што се соочил.
Дека и понатаму има големи планови и дека кариерата сака да ја гради на повисоко ниво, но и да раскаже дел од она што досега му случувало, потврди во бројни интервјуа, но и во последната објава на Инстаграм.
Според пишуваањата на 24седам, Војаж планира својот живот да го претстави низ филм.
„Еден ден, кога ќе дојде време за тоа, ќе ја раскажам својата животна приказна. Филмот не може да се собере во една песна“ - напиша Војаж на Инстаграм и со објавата ги заинтригира сите.
Во последното интервју кое Војаж го даде за 24седам, истакна дека не може да зборува за периодот кога поради убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ неговото семејство морало да замине во Франција, бидејќи и неговиот татко Милан, кој тогаш работел како телохранител на претседателот на Владата бил ранет.
„Немам зборувано многу за детството. Сакам така и да остане, поради некои други работи. Многу од својата инспирација, текстови, чувства и вредности повлекувам од детството. Мислам дека прерано пораснав и достигнав некоја зрелост многу млад, поради животните околности во кои се најдов заедно со семејствто. Но, нека остане на тоа“ - кажа тогаш за 24седам.
„Ќе прави филм. Секако дека Михајло има полна поддршка од семејството за сѐ што прави. Колку што можеме, му помагаме. За жал, најмалку во финансиска смисла“ - кажа таткото на раперот за 24седам, а на прашањето дали филмот ќе се базира повеќе на неговиот емотивен или сеемен живот, кажа:
„Филмот ќе е однесува на неговиот живот, растење и успех“ - кратко кажа и индиректно потврди дека ќе се спомнат сите важни делови од животот на Михајло, за кои неговите обожавателите се најмногу заинтересирани.
Своето трауматично детство и сето она што го доживеал низ кариерата и животот, но и каква лузна оставила неговата врска со Бресквица, Михајло ќе ја реализира низ филм.