Војаж призна дека се срами од еден текст на негова песна: Тоа било премногу за неговиот вкус (ВИДЕО)

Војаж призна дека се срами од еден текст на негова песна: Тоа било премногу за неговиот вкус (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Се обидел да го ублажи...

Некогаш музичарите сами ги пишуваат стиховите за своите песни, некогаш други луѓе го прават тоа за нив, а понекогаш заедно со текстописците се обидуваат своите мисли да ги претворат во песна. Војаж најчесто сам ги пишува своите текстови, но тоа го прави со некој кога станува збор за песна која е соработка.

Никогаш не би кажале дека Војаж се срами од некој текст, но изгледа не сме биле во право. Имено, додека гостуваше во емисијата „Вечер со Иван Ивановиќ“, тој откри дека буквално се срами од текстот на една своја песна, која воедно е еден од неговите најголеми хитови.

Колку и да им се допаѓа на сите песната „Гад“, тој самиот не е толку воодушевен. Тој проблем го создава еден стих од песната, кој за негов вкус е премногу прост и не е среќен што го има во песната.


Тој дел од песната го пишувал Нучи, а стихот кој го мачи е: „Тако слатка ја одведем је на страну, да јој кажем једну тајну малу, некад деси се да ***** две у дану, једну у Бг-у али другу у Лугану“. Објасни дека тој не бил за тоа да го има тој стих во песната, но дека сите останати биле воодушевени и така на крајот завршил во песната.

Кога се пишува песна, особено соработка со некој, тогаш се среќаваат во студио и работат. Кога ја пишува „Гад“ веќе било 2 часот наутро, биле преуморни и Нучи го предложил овој стих. Сите се сложиле дека е добар и дека може да се најде во песната, токму поради тоа што е одвратен, бидејќи така луѓето полесно ќе го запаметат и ќе зборуваат за него. Војаж не се сложувал со ова.


Кажа дека на него овој стих му е одвратен и дека се прекрстил кога го слушал. Да се прашувал, не би бил во песната, но неговото мислење не било уважено. Сакал некако да го ублажи, па предложил да додадат и женски дел во песната. Песната стана популарно, за стихот се зборуваше, исто како што и посакуваа останатите членови од тимот, но на Војаж уште му е непријатно.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: