Војаж проговори за нападите кон него: Откри со кои две светски ѕвезди ќе сними дуети, а ја спомна и Бресквица

Војаж проговори за нападите кон него: Откри со кои две светски ѕвезди ќе сними дуети, а ја спомна и Бресквица

Објавена во: Stars // Музика

Михајло Веруовиќ, попознат како Војаж е српски рапер, трепер, композитор и текстописец кој популарноста ја доби по песните „Отрован“, „Буди ту“, „Кораци у ночи“ и други.

„Мене ме убиваа. Да, се шегувам, не давам повод за било кој да ме распнува, не сум скандалозен. Но, имаше неколку моменти кога ме ставаа на тапет минатата година“ - кажа Војаж за телевизијата „Курир“.

Тој неодамна се врати од турнејата во Америка и вели дека си поминал одлично.

„Многу успешно и задоволен сум што за една година константна работа успеавме да дојдеме до Америка. Настапите во Чикаго и Атланта беа одлични“ - кажа воодушевено Војаж, па ја спомена и Анџела Игњатовиќ Бресквица.

„Воопшто не би се ставал себе во конкуренција со неа. Таа е девојка со најголем потенцијал од сите на естрадата, што се однесува до младата и женска конкуренција“.

„Имам договорено два светски дуети и еден албум на кој ќе се најдат европски ѕвезди. Гледам повеќе да се профилирам во странство, меѓународно“ - објасни тој.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: