Војаж се фати за микрофонот на полнолетството на Хелена: Тета Цеца танцува во ритамот на музиката, а го запеа и својот најголем хит (ВИДЕО)
Внуката на Цеца во најубаво опкружување го прослави својот 18-ти роденден...
Хелена Оцокољиќ, внуката на Светлана Цеца Ражнатовиќ, вчера во еден ресторан во српската престолнина го прослави својот 18-ти роденден. Судејќи по објавите на Инстаграм, гостите ги забавувал Михајло Веруовиќ Војаж, а познатата тетка била помеѓу највеселите.
На хитот „Ла ла ла“ на младиот трепер не застануваше, како и кога ечеше неговата „Плеши“.
Тета Цеца убедливо била највесела, и прва почнала да танцува на песните на Војаж, а од видеата во продолжение може да видите како изгледало сето тоа.
Исто така, оваа забава не можела да помине без гордата тетка да испее неколку песни.
Инаку, според планот кој беше прикажан во рамките на „Цеца шоу“, на оваа забава биле повикани 150 гости. На Лидија, мајката на Хелена, ѝ било многу важно да бидат подготвени како посни, така и мрсни специјалитети, а цела една маса требало да биде полна со десерти.
фото: Принтскрин / Инстаграм