Војаж vs. Бресквица: Двајцата овие денови објавија нови песни за кои сите се луди - која е подобра?

Војаж vs. Бресквица: Двајцата овие денови објавија нови песни за кои сите се луди - која е подобра?

Објавена во: Stars // Музика

Толку се чекаше овие песни....

Нивната разделба беше една од оние кои креваат огромна прашина и на обожавателите им траше подолго време за да престанат да тагуваат по омилената двојка. Војаж и Бресквица се во одлично односи, но сосема случајно овие денови двајцата извадија нови хитови, па така почна борбата за докажување која песна е подобра.

Двајцата имаат слична порака и двајцата новите песни ги објавија во период од неколку деца. И двајцата песните ги најавија на осцијалните мрежи и нивните обожаватели со нетрпение ги очекуваа. Прашањето е: Која е подобра? 

Војаж уште пред летото на обожавателите им пушти рефрен од својата песна „Ла ла ла“ и сите беа воодушевени, но песната ја добија дури сега. Чекаа половина година и чекањето вредеше. Малку е ако кажеме дека обожавателите се воодушевени. Во коментари не го кријат воодушевувањето, како од музиката, така и од спотот кој изгледа навистина светски.


Но, неколку дена пред него и Бресквица ја издаде новата песна. „Лош“ беше најавена на ТикТок пред некое време и девојките веќе се снимаат како ги имитираат нејзините „Шакира потези со колковите“. И секако, како и кај Војаж, луѓето во коментари се воодушевени. Се согласуваат дека пејачката со оваа песна го потврди својот статус на еден од најомилените млади пејачки на овие простори.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: