Војаж заврши на инфузија: Исцрпениот рапер им се обрати на обожавателите

Војаж заврши на инфузија: Исцрпениот рапер им се обрати на обожавателите

Објавена во: Stars // Музика

Михајло Веуровиќ со месеци наназад работи со полна пареа, а тој напор го доведе до пад на имунитетот...

Раперот Михајло Веуровиќ Војаж работи со полна пареа. Освен турнејата, младиот трап пејач работи и на своите песни и кога не учи и не патува, тој е во студио. Големиот напор го доведе до пад на имунитетот.

Тој настапуваше на фестивалот „Music Week“ во петокот, а изгледа дека бројните обврски го исцрпија.

Имено, Војаж сподели фотографија од кревет со инфузија во рака, со што ги загрижи обожавателите.

Само неколку часа потоа следуваше и нова фотографија од студиото, на која покажа дека продолжил да работи со полна пареа и дека инфузијата му помогнала да се опорави.

Инаку, во неодамнешното интервју за 24седам, Михајло откри дека е посветен исклучиво на кариерата и дека за девојки не размислува во моментов.

„Конкретно, немам толку време за приватниот живот, ќе се фокусирам на факултетот, имам неколку испити кои треба да ги положам сега во септевмри, тоа ми е приоритет, но имам и еден филм во кој треба да глумам, проекти во кои треба да учествувам и подготвуваме американска турнеја. Не смеам да зборувам за филмот, ова е нешто ново, нешто што ќе ги помести границите на филмската индустрија, сериозни луѓе стојат зад тоа, сериозен капитал, продукција и сметам дека ќе биде одлично. Искрено, сметам дека не би требало да се инволвирам во врска, ако не можам да се дадам 100 проценти, како себе, така и своето време. Сметам дека не би требало ниту да започнува, ниту да негувам, бидејќи е неблагодарно кон таа личност“ - кажа тој.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: