Војна помеѓу Албанките: Дуа Липа и Рита Ора не можат да се поднесат, Бебе Реџа не може да ги смири
Како што веќе знаете, трите најпопуларни Албанки во моментов, Дуа Липа, Рита Ора и Бебе Реџа, владеат со светот на музиката.
Настрана од нивната популарност, овие sвезди можат да бидат проблематични. Се сеќаваме како и што Дуа Липа промовираше преку својот профил на Инстаграм минатата година , а исто така отиде на одмор среде пандемија со своето момче Анвар Хадид иако им порача на обожавателите да останат дома и да внимаваат. Рита Ора ги прекрши мерките за заштита од ковид кога тајно долетала во Каиро, Египет и одржала настап. И, како што дознаваме, овие две проблематични ssвезди не се во добри односи, но тука е и Бебе Реџа која се обидува да ги помири!
Пејачката Бебе Реџа проговори за односот помеѓу двете ѕвезди.
„Навистина се обидов. Не знам што навистина се случува и за каква драма станува збор. Се обидов да го задржам мирот и да ги смирам девојките. Јас навистина би сакала да направиме нешто заедно, но не сум сигурна дека тоа некогаш ќе се случи. И не сакам повеќе да зборувам за тоа “. таа рече.
Дуа и Рита, кои имаат албанско потекло, никогаш не зборувале јавно за нивниот конфликт, за кој се верува дека започнал кога биле споредувани во музичката индустрија. Бебе го рече следново: „Апсолутно е лудо да се поставуваат жени едни против други, особено за оние за кои знам дека се добри луѓе. Чудно е, но знам како е да се биде девојче и дека понекогаш можеме да бидеме конкуренти едни на други. Но, не зборувам само за себе, Дуа, Рита или Ави, туку воопшто за сите жени.
Нивниот конфликт беше забележан на Мет Гала во 2019 година, кога sвездите очигледно се избегнаа, каде Дуа се изнервира што ја споредуваат со некој што сметаше дека не е оригинален уметник. Изворот рекол: „Штета, затоа што порано беа многу блиски, а Дуа многу зборуваше за тоа колку ѝ се восхитува на Рита, па дури и рече дека во иднина сака да биде како Рита. Рита не сака драма и очајно сака да избегне конфликт, па се обиде да не дојде лице в лице со Дуа на Мет Гала “.
извор: Famoza.net
Албанска војна: Дуа Липа и Рита Ора не можат да се поднесат, Бебе Реџа не може да ги помири