Војната започна: Тејлор потврдила дека Џастин ја изневерувал Селена?
Тејлор Свифт ги поттикнала гласините за тоа дека Џастин Бибер можеби ја изневерувал Селена Гомез додека биле во врска и тоа поради овие ситници. Имено, била многу активна на Tumbrl каде лајкнувала коментари на луѓето кои го „оцрнувале“ Џастин.
Го лајкнала и коментарот во кој некој ја обвинува пејачката дека ја изневерувал својата поранешна девојка Селена додека биле заедно и со тоа, како што многумина сметаат, тоа и го потврдила. Со оглед дека тие две се пријателки, можно е да знае нешто што ние не знаеме. Или барем досега не сме го знаеле.
Тејлор не признала директно дека Џастин ја изневерувал Селена, но фановите мислеле дека не би го лајкнала тој коментар доколку тоа не било вистина. Во целиот коментар пишувало:
„Не успеавте да ги нормализирате разликите? Ја изневерил нејзината најдобра другарка, а потоа застанал на страната на човекот кој објави нејзин порно филм. Што требаше, да го повика на чај? Оди си оттука.“
Дури Џастин и сам си призна дека врската со Селена во еден момент била навистина на стаклени нозе.
Само за напомена целата оваа приказна ескалираше кога Тејлор го обвини Скутер Браун, менаџерот на Џастин, за злоупотреба.